Нина Геометриева
Нејзината кариера започна во Дебар Маало каде што живееше со нејзините родители и учеше дизајн преку Интернет, посакувајќи да може да праша некој за совет и насока.
Од неодамна Нина започна да се поврзува со други самоуки Дизајнери во Македонија кои би сакале да чекорат по сличен пат, одговарајќи прашања од типот на како да се вработиш во странство или во компанија како Google, како да се натпреваруваш со други Дизајнери со 4-годишно образование, итн.